Петреус издал упаство за избегнување цивилни жртви

Командантот на американските и на НАТО силите во Авганистан, генерал Дејвид Петреус денеска издаде писмено соопштение со упаства да се избегнуваат понатамошни цивилни жртви. Намалувањето на инцидентите во кои гинат цивилни жртви се гледа како стратегија за ставање на крај на конфликтот во земјата. Според новите правила, пред употреба на сила, командантите мора да се осигураат дека не се присутни цивили, освен кога станува збор за напад во самоодбрана. Петреус повикал новата одлука да се користи секогаш кога ќе се употребува сила. Петреус ја презеде командата на САД предводена од силите на НАТО во Авганистан на 4 јули, на местото на генерал Стенли Мекристал