Пакистанскиот претседател Зардари во посета на Лондон

Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари денеска престојува во посета на Лондон за да ги расчисти недоразбирањата меѓу двете земји по изјавата на британскиот премиер Дејвид Камерон дека Пакистан е извозник на тероризам во регионот. Зардари во Лондон ќе остане пет дена и ќе се обиде на Камерон да му објасни зошто Исламабад се лути на таквите изјави. Опозицијата во Пакистан го критикуваше Зардари заради неговата псоета на Европа во услови кога државата се соочува со поплави во кои загинаа повеќе од 1.500 луѓе а повеќе од 3,5 милиони се погодени од поплавите.