Петарда или бомбашки напад?

Од канцеларијата за медиуми на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ја демантираат веста дека , експлодирала бомба покрај конвојот во кој бил иранскиот претседател. Тие соопштуваат дека станува збор само за петарда. Претходно медиумите објавија дека експлодирала бомба во близина на конвојот на Ахмадинеџад кој се движел во градот Хамедан во западниот дел на земјата каде што претседателот требало да одржи говор. Според извештаите, Ахмадинеџад не бил повреден и го одржал говорот кој бил пренесуван и на иранската државна телевизија. Се додава дека напаѓачот бил уапсен и оти во експлозијата имало неколкумина повредени.