15 години од хрватската воена акција Луња

Денеска се навршуваат 15 години од почетокот на хрватската воена акција Луња која доведе до егзодус на повеќе од 200 илјади срби. Централната манифестација за одбележување на прогонот ќе се одржи денеска во Бања Лука, а парастос за загинатите ќе се одржи и во Белград. Утре во Хрватска е државен празник кој се слави како Ден на победата. Акцијата Луња во која учествуваа над 138 илјади хрватски војници имаше за цел ставање под контрола на деловите од Хрватска кои ги држеа припадници на српските специјални сили.