Пакистанскиот претседател пристигна во Британија

Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари пристигна во посета на Британија која е засенета со спорот околу британското предупредување дека таа земја не прави доволно во борбата против тероризмот. За време на петдневната посета тој треба да се сретне и со британскиот премиер Дејвид Камерон кој изјави дека останува на својот став оти елементи во Пакистан го поддржувале, како што рече, извозот на тероризам во Авганистан и Индија. Одлуката на Зардари да остане пет дена во Британија предизвика критики во Пакистан со оглед на големите монсунски поплави во таа земја во кои загинаа над 1500 луѓе.