Руска поморска база во Турција или Грција?

Русија ја разгледува можноста за отворање своја поморска воена база во Грција или Турција, објави грчкиот весник „Катимерини,, повикувајќи се на изјава на командантот на руската поморска флота адмирал Владимир Висоцки. До оваа најава дојде по информацијата на „Вашингтон пост,, дека САД се подготвуваат за распоредување на радарски систем во Турција или Бугарија, како дел од противракетниот штит во Јужна Европа од евентуален ракетен напад од Иран.