САД загрижени за апсењето на демонстранти во Русија

Американската влада денеска изрази загриженост за состојбата за човековите права во Русија, поради апсењето на припадниците на опозицијата, кои изминатиот викенд демонстрираа. Во Русија на 31 јули беа приведени руски граѓани, кои учествуваа на собирите ширум државата за да изразат поддршка на членот 31 од рускиот Устав со кој се гарантира правото на собирање. Во соопштението од Советот за национлна безбедност се наведува дека правото на слободно собирање и изразување е карактеристика на модерниот политички систем и ускратување на тоа право на руските граѓани е спротивно на обврските превземени со меѓународните спогодби. Околу стотина припадници на опозицијата беа приведени во саботата во Москва и Санкт Петербург