Груевски:до 2014-та повеќе пари за судството

Судството до 2014 година ќе добие двојно повеќе средства. Средствата ќе се зголемуваат постепено, а законското решение Владата го прифатила на последната седница и го упатила до Собранието. Премиерот Никола Груевски изјавил дека сега за судството од буџетот се издвојуваат 0,43 проценти, а до 2014-та треба да се издвојуваат 0,8 проценти. Премиерот очекува новите средства да доведат до зголемување на ресурсите, луѓето и опремата во македонското судство и заедно со законите што се носат да се добие посилно, понезависно и поефикасно судство