Поранешен шеф на Интерпол осуден на 15 години затвор

Поранешниот директор на полицијата во Јужна Африка и поранешен претседател на Интерпол Џеки Салеби е осуден на 15 години затвор заради корупција. Салеби дал повеќе од 166 илјади долари мит помеќу 2000 и 2005-та. Судијата во случајот изјавил дека Селеби на неколку наврати лажел за да ги прикрие трагите за делото, и дека неговото однесување во судот било срамно. Судијата изјавил дека обвинетиот не покажал дека се кае за стореното дело. Тој лажеше и ги манипулираше доказите, во обид да се спаси од последиците од неговите активности , додал судијата. Селеби беше претседател на меѓународната полициска организација, Интерпол, од 2004-2008