САД прв пат ќе присуствуваат на годишнината од Хирошима

Соединетите држави оваа година за прв пат ќе присуствуваат на одбелжувањето на годишнината од нуклеарниот напад на Хирошима. Нападот се случи на 6 август 1945-та, при што загинале 140 илјади луѓе. На одбележувањето на 65 годишнината ќе присуствува американскиот амбасадор во Јапонија, Џон Рус. Од Стејд Департментот сметаат дека тоа е начин да се изрази почит на сите жртви за време на Втората Светска Војна. Соединетите држави никогаш не се извинија за атомските напади на Хирошима и Нагасаки.