Емиратите ја бранат одлуката за цензура на Блек Бери

Обединетите Арапски Емирати ја бранат својата одлука да цензурираат неколку клучни услуги на Блек Бери откако Вашингтон го критикуваше таквиот чекор. Амбасадорот на Емиратите во Вашингтон изјави дека земјата има право да го контролира протокот на информациите за добро на својата нација. Вчера портпаролот на Стејт Департментот изјави дека САД се разочарани од таквиот потег на Обединетите Емирати. Портпаролот изјавил дека администрацијата на Обама ќе разговара со властите во Арапските Емират за причината зошто ја воведуваат забраната