Политички насилства во Карачи - 37 мртви и 80 ранети

Најмалку 37 лица загинаа во Карачи – Пакистан во политички насилства во текот на ноќта кои избувнаа по убиство на еден провинциски пратеник. Како што се јавува, во насилствата кои добиле и етничка и верска боја, биле повредени и 80 луѓе, а многу дуќани и автомобили биле опожарени. Убиениот пратеник Раза Хаидер е припадник на Движењето Мутахида Куами кое е на власт во Карачи. Станува збор за Движење на доселеници во Пакистан по поделбата на Британската колонија Индија во 1947. Нивниот главен ривал е Авами Национална Партија – секуларисти чија база се етничките паштуни од пакистанскиот северозапад.