Околу 4,9 милиони барели нафта истекле во Мексиканскиот залив

Околу 4.9 милиони барели нафта се излеале во водите на Мексиканскиот залив од пукнатиот одвод на нафтен бунар во сопственост на компанијата БП, соопштија денеска од американската влада. Со тоа овој случај е прогласен за една од најголемите еколошки катастрофи на сите времиња. Се проценува дека откако било сопрено излевањето на нарфта, од пукнатата подводна цевка биле испумпани околу 800.000 барели нафта. Претходно, за најголема еколошка катастрофа предизвикана од излив на нафта се сметаше несреќата од 1979 година, исто така во водите на мексиканскиот залив. Тогаш, околу 3,3 милиони барели нафта истекоа во заливот од пукнат бунар во сопственост на мексиканска нафтена компанија.