Камерон останува на ставот за Пакистан

Британскиот премиер Дејвид Камерон и понатаму останува на својот став за Пакистан, дека земјата не треба да биде извозник на тероризамот. Коментарот на Камерон допринесе за дипломатски спор меѓу двете земји, по што беше повикан и британскиот амбасадор во Пакистан на разговори со тамошните власти, да му врачат и официјално жалба. Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари денеска ја започнува европската турнеја , во рамки на која ќе се сретне и со британскиот премиер Камерон. Пакистан останува на ставот дека многу направиле во борбата со тероризамот. Но разузнавачката служба во Пакистан се обвинува дека им помага на Талибанците и на другите исламистички бунтовници во Авганистан