Сомалиските пирати заробиле уште еден брод

Сомалиските пирати утрово заробиле трговски брод со 23-член екипаж кој пловел под знамето на Панама, соопштиле од Поморските сили на ЕУ. Иако од бродот испратиле пораки за помош, пиратите успеале да го заземат бродот пред да стигне хеликоптерот со помош. Бродот, во моментот кога бил нападнат, се движел во препорачаниот коридор каде патролираат меѓународните поморски сили. На бродот кој пренесувал цемент имало луѓе од Индија, Пакистан, Шри Ланка и Египет.