Во Русија и натаму беснеат пожари

34 лица загинале во пожарите во Русија, предизвикани од долготрајните високи температури и сушата, соопшти денеска Министерството за вонредни ситуации. Според истиот извор, во Русија има 774 пожари на површина од 128.500 хектари. Премиерот Владимир Путин денеска ќе разговара со лидерите на локалните власти на регионите каде што има најголеми штети за начините за помош на граѓаните кои останаа без своите домови. Инаку, и за наредната недела се предвидува дека во централниот дел на Русија температурите ќе изнесуваат околу 40 степени целзиусови.