Куба - Отпуштања во државниот и јакнење на приватниот сектор

Кубанскиот претседател Раул Кастро најави дека владата ќе ги намали контролите на малите бизниси, ќе отпушта вработени и ќе овозможи простор за самовработување. Зборувајќи пред Парламентот, Кастро рече дека во државниот сектор има превработеност. Според него, најмалку еден од петмина вработени во државниот сектор се вишок. Околу 95 отсто од Кубанците работат во државниот сектор.