Експлозија во домот на лидер на Хамас

Палестинците соопштуваат дека голема експлозија одекнала во Газа, во домот на еден од командантите на военото крило на Хамас, Ала Аднаф.
Најмалку 17 луѓе се пренесени во болница, а има и непотврдени информации за жртви. Палестинците обвинуваат дека Израел го бомбардирал домот на Аднаф, но Израел негира.