Промена на чеченското бунтовничко водство

Чеченска интернет страница објави дека бунтовничкиот лидер Доку Умаров се повлекол и на негово место го назначил Асламбек Вадалов. Страницата наведува дека Умаров се повлекува од здравствени причини, но оти останува посветен на џихадот и дека ќе му помага на новото раководство.
Умаров е на црната терористичка листа на САД. Неговото име се поврзува со неколку напади, меѓу кои и оној во московското метро, кога загинаа повеќе од 40 луѓе, а стотина беа повредени. Засега нема коментар на оваа информација, ниту од руските, ниту од чеченските власти.