Прекинат штрајкот на автопревозниците во Грција

Сопствениците на камиони и цистерни во Грција денеска соопштија дека го прекинуваат еднонеделниот штрајк и дека ќе почнат да преговараат со владата. Штрајкот предизвика недостаток на гориво и незапамтени блокади на сообраќајот во земјата и тоа во ек на туристичката сезона. Владата вчера предложи да ги укине своите одлуки за работните обврски а камионџиите да се вратат на работа.
Недостатокот од гориво погоди повеќе од десетина илјади Грци но и странски туристи . Поради штрајкот се откажани многу резервации во хотелите, соопштуваат од туристичките здруженија.