Гејтс:повлекувањето од Авганистан е ограничено

Американскиот државниот секретар за одбрана Роберт Гејтс денеска изјавил дека голем број на американски војници ќе останат во Авганистан и после нивното повлекување во јули 2011 и додал дека тоа повлекување е ограничено. Изминатиот месец е најсмртоносен месец за американските војници во Авганистан откако е започната инвазијата во 2001-та. Изминатиот месец загинаа 66 американски војници. Но и покрај тоа Гејтс изјавил дека меѓународните сили напредуваат во борбата со Талибанците и дека бунтовниците нема да го дочекаат американското повлекување.