Во Авганистан протести против нападите на НАТО

Над 200 Авганистанци денеска протестираат во Кабул против нападите на силите на НАТО при што се убиени 52 цивили во јужниот дел на земјата.Од Алијансата велат дека не постојат докази за смртта на цивилите. Демонстрантите извикувале „Смрт за Америка“ и повикувале на правда. Во рацете носеле слики од жртвите кои се убиени на 23 јули во провинцијата Хелманд. Демонстрантите изјавиле дека сакаат да и испратат порака на Америка и да го осудат бруталниот напад во кој загинале жени и деца. Истрагата на авганистанскиот национален Совет за безбедност покажа дека со ракета на НАТО се убиени 52-цата цивили. Но од Алијансата соопштуваат дека немало докази за тоа. Од таму велат дека имало судири меѓу коалиционите сили и милитантите на 23 јули и дека тогаш загинале шест до осум луѓе - главно бунтовници , а можеби загинале и најмногу тројца цивили.