Во сообраќајна несреќа во Индија 20 мртви

Камион кој превезувал хинду верници паднал во клисура во планински регион во северна Индија при што загинале најмалку 20 луѓе. Верниците биле на пат до реката Ганг за верски ритуал. Полицијата досега во клисурата длабока 200 метри пронашла тела на 20 жртви ,а трага по уште 7 исчезнати луѓе.