Арапските Емирати го цензурираат Блек Бери

Обединетите Арапски Емирати ќе ја ограничат употребата на Блек Бери заради национална безбедност. Регулаторната комисија во земјата соопштува дека одредени функци ќе бидат санкционирани, бидејќи владата неможе да ги следи услугите кои се даваат преку телефонот. Во Арапските Емирати е цензурирана и употребата на интернет. Агенцијата која регулира што може да се употребува во земјата предупреди мината недела дека преку користење на Блек Бери се злоупотребиле податоци на локални корисници во странство. Претходно од Репортери без гранци ги обвинија Обединетите Емирати дека уапсиле корисници на Блек Бери кои преку телефонот се договарале да организираат протест поради зголемување на цената на нафтата . Во Соединетите Арапски Емиранти има околу 500 илјади корисници на Блек Бери