Израел и Газа си разменуваат ракетни истрели

Израелски воени авиони лансирале две ракети кон цели во јужна Газа, како одговор на тоа што палестински милитанти претходно испукаа ракети кон Израел. Од палестинска страна соопштиле дека во нападите бил повреден еден човек. Цел на нападите биле тунели во Газа кои се користат за шверцување на оружје. Доцна во саботата, милитантите од Газа испукале втора ракета на Израел за само два дена.