Експлозија во Авганистан, 6 загинати

Шест цивили загинаа, а девет се повредени од експлозија во јужен Авганистан. Портпаролот на локалните власти соопштил дека бомбата била подметната под минибус во кој се превезувале луѓето. Во нападот загинале двајца мажи, две жени и две деца. Во друга пак експлозија во Кандахар биле повредни три деца.