Владата очекува придвижување во економијата

Премиерот Никола Греувски очекува вториот квартал да биде попозитивен од првиот во поглед на економијата. Тој очекува придвижување, но сепак вели дека тоа ќе зависи од случувањата во Европа, бидејќи економијата во земјата е дирекно поврзана со европската. Груевски изјави дека кризата не се продлабочува . Премиерот најави можност за пласман на македонскиот тутун во Кина. Се очекуваат кинески експерти за дојдат и на терен да го испитаат тутунот. Груевски го поздрави и наоѓањето на зеднички јазик меѓу Владата и ЕВН по неколкугодишни несогласувања. Тој смета дека ако двете страни ја почитуваат начелно договорената методологија, ќе се решат сите отворени прашања