При лизгање на земјиште во Авганистан 65 мртви

Најмалку 65 луѓе загинале во Авганистан при лизгање на земјиште како последица на поплавите кои ја зафатија земјата. Раководителот на националното тело за катастрофи изјавил дека од лизгањето на земјиштето биле погодени 1.000 семејстава, па така бројот на жртви може да биде и поголем.