Во експлозија во Багдад, 4 мртви

Тројца војници и еден цивил загинале денеска во експлозија на крајпатна бомба во јужниот дел на Багдад. При експлозијата се повредени 11 луѓе. Ирачките власти соопштуваат дека бомбата експлодирала во близина на општинските канцеларии на округот Рашид. Во истата област и претпладнево имало експлозија но во таа немало жртви.