Протест против затварањето на ујгурскиот новинар во Кина

Група на активисти за човекови права во Кина денеска упатиле отворено писмо со кое протестираа поради 15-годишната казна затвор за ујгурскиот новинар кој им зборувал на странските новинари за минатогодишните етнички немири во Ксинџијанг. Во писмото се потпишале 23 истакнати луѓе, адвокати, академици, писатели , активисти за човекови права . Во писмото се наведува дека обвиненијата дека новинарот ја загрозувал националната безбедност потикнуваат продлабочување не етничките тензии во Ксинџијанг. Новинарот Гејрет Нијаз беше приведен во јули минатата година по насилство меѓу муслиманските Ујгури и кинезите.