ОН загрижени за состојбите во Пакистан по поплавите

Од Обединетите нации соопштуваат дека поплавите во Пакистан погодиле повеќе од еден милион луѓе. Од Канцеларијата за координација на хуманитарна помош соопштуваат дека ова се најлошите поплави кои ја зафатиле земјата по 1929-та година. Пакистанските спасувачи и војниците и денеска трагаат по преживеани и им помагаат на луѓето да се справат со поплавите. Досега загинале 430 луѓе, а се претпоставува дека тој број може да биде и поголем.