Власта и опозицијата во жесток дуел за Јанкуловска

Пратениците ја продолжуваат расправата за интерпелацијата за работата на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска со меѓусебни обвинувања.
За опозицијата главниот факт го кажал пратеникот Цветко Грозданов кој, како што посочи координаторката на пратеничката група на СДСМ Цветанка Иванова, рекол дека нема ниту налог ниту барање од претседателот на Собранието и од министерката Јанкуловска за зголемување на бројот на обезбедувањето во Собранието. Нема закон што може да оправда физички напад врз било кој човек, рече пратеникот Илија Димовски, чија дискусија предизвика низа критики од опозицијата. СДСМ смета дека тој има изграден став во врска со инцидентот од 1 јули и оти поради тоа не треба да биде дел од неа.