Штрајкот на превозниците во Грција продолжува

Сопствениците на товарни возила и цистерни во Грција денеска, како што соопшти Синдикатот, решиле да продолжат со штрајкот.
Тензиите меѓу властите и штрајкувачите ескалираа откако во средата Владата издаде заповед за граѓанска мобилизација за да ги врати на работа возачите и да се нормализира снабдувањето на државата со горива и продукти.
За време на протестите тие се судрија со полицијата која употреби солзавец за да растера околу 2.000 демонстранти. Штрајкот е во знак на протест поради нацрт-закон за либерализација на секторот за транспорт.