ОН бараат прекин на израелската блокада на Газа

Комитетот на Обединетите нации за човекови права побара од Израел да ја прекине воената блокада на Појасот Газа и да покани независна комисија за да го истражи инцидентот во мај годинава врз бродот со хуманитарна помош. Тоа е уште еден во серијата притисоци врз Израел во врска со инцидентот во кој загинаа деветмина турски пропалестински активисти.