Иран подготвен на разговори за размена на гориво

Шефот на иранската програма за атомска енергија Али Акбар Салехи изјави дека Техеран е подготвен во наредниве неколку денови да одржи разговори со Соединетите држави, Русија и Франција за размена на нуклеарно гориво. До ова најава дојде откако Западот повика на разговори со Иран во септември, но за сите аспекти на контроверзната нуклеарна програма на таа земја.