Собранието ќе расправа за интерпелацијата на Јанкуловска

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 116. седница на која пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Опозициските СДСМ и НСДП поднесоа интерпелација за работата на Јанкулоска по инцидентот што се случи во Собранието на 1 јули годинава. Според собранискиот Деловник, претресот по интерпелацијата трае најмногу еден работен ден.