Бан Ки-Мун повикува на дијалог Белград-Приштина

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун, на средбата со министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ, рече дека, кога станува збор за Косово, тој продолжува со повици до страните да поддржат конструктивен дијалог, соопштуваат во ОН.
Тој рекол дека планира да ги координира следните чекори со ЕУ која се понудила да го помогне дијалогот на Белград со Приштина.