Пронајден исчезнатиот руски пилот во Дарфур

Исчезнатиот руски пилот на хелихоптер од мировните сили во Дарфур е пронајден и пренесен во болница во Судан, соопштија ОН. Пилотот исчезна, откако поради лоши временски услови слетал на небезбедна територија. Тој бил фатен и тепан од бунтовничка група.
Во неговото пронаоѓање учествувала суданската разузнавачка служба. Руската амбасада во Судан соопшти дека пилотот е во задоволителна здравствена состојба.