Пакистан бара да се разјаснат изјавите на Карзаи

Пакистан преку својата амбасада во Кабул ќе побара да се разјасни што значат изјавите на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи за тоа дека западните сили треба да бидат постороги кон засолништата на милитантите надвор од Авганистан. Од пакистанска страна изјавата на Карзаи ја опишуваат како нејасна и затоа бараат да им се објасни што значи тоа и зошто се упатени таквите забелешки.
Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска ја стави под прашалник подготвеноста на западните сојузници да ги напаѓаат талибанските бази во Пакистан. Тој на прес конференција во Кабул изјави дека војната против тероризмот треба да се води против финансиските извори и камповите за тренинг на терористите што се наоѓаат надвор од Авганистан.