ОН му исплати 650 милиони долари на Кувајт

Обединетите нации ми исплатија на Кувајт 650 милиони долари од фондот за обнова на регионот , договор кој е склучен во 1994-та. Договорот предвидува на Кувајт да му се исплатат 30, 15 милијарди долари, а останува да му се исплатат уште 22, 3 милијарди долари. Од Комисијата за компензација на ОН велат дека оваа рата им била исплатена на приватни компании, владини и меѓународни организации. По инвазијата на Кувајт во 1991 од страна на режимот на Садам Хусеин , Ирак треба да плаќа по 5 проценти од својата заработка од нафта и гас на ОН во фондот за обнова.