Косово и Србија лобираат во ОН

Министерот за надворешни работи на Косово Скендер Хисени во Њујорк имал средба со американскиот амбасадор во ОН Розмари ди Карло. Тие разговарале за идните чекори по објавувањето на мислењето на Меѓународниот суд за правда за независноста на Косово. Косовскиот министер ја истакнал потребата од блиска координација на активностите меѓу Косово и САД. Хисени е во ОН на средби со преставници на земјите кои уште не го признале Косово. Во меѓувреме и Србија лобира во ОН во врска со Косово. Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ денеска во Њујорк треба да се сретне со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун