Ал Каеда одговорна за нападот врз ТВ станицата во Багдад

Група поврзана со Ал Каеда соопшти дека била одговорна за бомбашкиот напад врз телевизиската станица Ал Арабија во понеделникот во кој загинаа шест лица. Во изјавата се прецизира дека операцијата е извршена поради тоа што таа, како што се наведува, била прозападно ориентирана.