Расселување на ромските населби во Франција

Половина од околу 300 ромските населби во Франција ќе бидат расселени во наредните три месеци, најави француската влада. Се прецизира дека во Романија и Бугарија ќе бидат протерани сите роми кои сториле накакво кривично дело. Претседателот Никола Саркози ја свика седницата на владата на која се расправаше за ромите по насилството до кое дојде пред десетина дена во централна Франција. Ромите тогаш нападнале една полициска станица револтирани затоа што полицаец убил еден нивен припадник.