Отумбаева во посета на Ош

Киргистанскиот претседател Роза Отумбаева денеска ќе го посети градот Ош, каде во етничките нереди во почетокот на јуни загинаа околу 300 луѓе. Посетата е по тензиите околу распоредувањето на 50 невооружени полицајци на ОБСЕ, кои треба по инцидентот да го надгледуваат спроведувањето на законите во Ош. Одлуката на владата за распоредување на војниците не беше одобрена од илјадници граѓани, кои на почетокот на неделава протестираа пред зградата на ОБСЕ во Ош.