Ганиќ пристигна во Сараево

Поранешниот член на босанското претседателство Ејуп Ганиќ се врати во Сараево, еден ден откако британскиот суд го прогласи за невин и ја одби жалбата на Србија за негова екстрадација, поради воени злосторства. Ганиќ на аеродромот во Сараево беше пречекан од илјадници поддржувачи. Тој беше уапсен од британските власти во март годинава.