Грчката владата бара да се прекине штрајкот

Грчката Влада им нареди на сопствениците на товарни камиони и цистерни да го прекинат штрајкот и да се вратат на работа. Итната наредба за граѓанска мобилизација, која ја објави премиерот Јоргос Папандреу, беше издадена на третиот ден од штрајкот, поради кој голем број од бензинските пумпи останаа без бензин. Штрајкот е против владниот нацрт-закон за либерерализација на транспортниот сектор.