Средба на државниот врв со Илир Мета

На денешните средби на албанскиот министер за надворшени работи Илир Мета со македонскиот државн врв се разговарало за билатералните односи помеѓу двете земји, како и за потребата од интензивирање на соработката и продолжување на контактите на сите нивоа. На средбите станало збор и за интензивирање на економската и трговската соработка помеѓу двете земји, за која се заклучило дека со оглед на близината на пазарите има реални можности да биде значително зголемена. Соговорниците констатирале дека Македонија и Албанија, споделуваат исти визии за интеграцијата во евро-атлантските структури, дека се посветени на регионалната соработка и на градењето на добрососедски односи и во таа насока се согласиле за натамошна взаемна поддршка во интегративните процеси.
Алабскиот министер имаше средба и со лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски.