Србија поднесе резолуција за Косово во ОН

Мисијата на Србија при ОН денеска пред Генералното Собрание поднесе Резолуција со којa сака да дојде до нови преговори за статусот на Покраината., соопштуваат од Министеството за надворешни работи на Србија. Имајќи предвид дека Меѓународниот суд за правда не го потврди правото на косовските Албанци на отцепување од Србија, во Резолуцијата се наведува дека едностраната независност е неприфатлив начин за решавање на територијалните прашања. Во Резолуцијата се бара со дијалог да се најде прифатливо решение за сите отворени прашања.