Закана за бомба во секретаријатот за информации во Атина

Во Генералниот секретаријат за информации во Атина добиле телефонски закана за поставена бомба во зградата. Поради заканата е откажан брифингот со новинарите кој требало да го одржи портпаролот на грчката влада Јоргос Петалотис. Полицијата врши контрола на зградата.