Израел:Палестинците бараат невозможни работи

Палестинскиот престедател Махмуд Абас поставува невозможни услови за да се продолжи мировниот процес, изјавил израелскиот министер Силван Шалом. Абас бара за да се обноват мировните разговори кои се прекинати во 2008-та, Израел да ги прифати границите на Газа од 1967-та и да запре со изградбата на израелските населби во Ерусалим. Изјавата на Шалом доаѓа пред утрешниот состанок во Каиро на кој двете страни треба да се согласат на дирекни преговори по неколку месечни убедувања од страна на САД да се започне со дијалог.